Најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ сепак ќе се бори за појасот за привремен светски шампион на ИБФ во сабота на настанот „5 на 5“ во пресметката меѓу промоциите на Мечрум и Квинсбери.
Непоразениот Хрват конечно ја дочека најголемата борба во кариерата и ќе се обиде да ја освои ласкавата титула против Британецот Даниел Дубоа.
Апсолутниот шампион во тешка категорија Александар Усик се уште е сопственик на појасот на ИБФ, но можно е победникот од мечот меѓу Хрговиќ и Дубоа да стане шампион.
Имено, ИБФ се уште одлучува дали на Усик ќе му биде одземен појасот, бидејќи украинскиот боксер во меѓувреме побара исклучок.
Но, ако организацијата му го одземе појасот, тогаш победникот од саботниот меч ќе стане светски шампион на ИБФ.
Филип во последните неколку дена во своите интервјуа споменуваше дека мечот против Дубоа ќе биде за појасот, сега се покажа дека бил во право, а најмалку за титулата привремен шампион.
View this post on Instagram