Филип Хрговиќ: Џошуа е противник по мерка, тоа ми е подарок

Непоразениот хрватски боксер Филип Хрговиќ минатиот викенд на настанот во Ријад го совлада Марк де Мори со прекин во првата рунда и на тој начин стигна до својот 17-ти триумф во професионалната кариера.

Ел Анимал ја бранеше својата позиција како прв предизвикувач во тешката категорија на ИБФ, а следната година би можел да добие шанса да се бори за светската титула.

Но, прво треба да почекаме да видиме што ќе се случи во борбата за обединување на појасите во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик.

Мечот за апсолутен шампион е договорен за 17 февруари, а доколку поразениот побара реванш, ИБФ објави дека на победникот ќе му биде одземен појасот.

Најдобриот хрватски боксер би имал свое место во борбата за светската титула, додека неговиот противник би се барал на ранг-листата на ИБФ.

А прв под Хрговиќ сега е Ентони Џошуа, кој го победи Ото Валин со прекин по петтата рунда на истиот настан во Саудиска Арабија.

„Се уште не сум го покажал целиот свој потенцијал. Дури следната година започнува мојата кариера, следната година ќе станам светски шампион. Имам чувство дека тоа е тоа. Навистина сум поминал низ се, отсекогаш сум верувал дека јас сум тој, дека ќе бидам светски шампион. Некако сега имам чувство дека е време, дека се е во ред, дека имам доволно мудрост, сила, знаење, искуство“, изјави Филип Хрговиќ во интервју за Нова ТВ, а се осврна на можниот меч со Џошуа:

„Тој сака да стане трикратен светски шампион и единствениот начин на кој може да стане тоа е преку мене. Ќе направам се за да му ги нарушам плановите. За мене, тоа е најдобрата можна борба во моментов. Тоа ми е подарок. Можам да го победам, Џошуа е совршен противник“.

Некои го критикуваат дека се бори со недоволно големите противници, па го спомна Кинезот Жанг Жилеј, кого го победи со едногласна одлука на судиите во август минатата година.

„Хрговиќ беше лош по пресметката со Жанг. Потоа, кога Жанг двапати по ред го нокаутираше Џо Џојс, одеднаш Жанг е добар, а Хрговиќ исто така е добар, не толку лош. Така луѓето зборуваат глупости, немаат поим од бокс и се вртат како што дува ветерот“, рече најдобриот хрватски тешкаш и подвлече:

„Не ми е гајле кој што кажува. Знам колку напорно работам и верувам дека можам да победам секого. Секако, тоа се момци од врвна класа и секој меч го решаваат деталите. Но, знам дека ако пружам добар настап, можам да победам секого“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON