Филип Додевски е вториот стипендист на Македонскиот олимписки комитет (МОК) од Таеквондо клубот Бутел и Македонската таеквондо федерација (МТФ).
Денеска Додевски потпиша договор за стипендирање со МОК.
Нашиот најдобар такевондист Дејан Георгиевски е првиот натпреварувач кој потпишал договор за стипендирање со МОК.
Филип Додевски во март годинава со пет победи стана европски сениорски шампион на Европското клупско првенство во Солун.
Филип е двократен балкански шампион и носител на неколку медали од официјални светски купови од Г1 ранг.
Од МТФ изразуваат голема благодарност до Македонскиот олимписки комитет за големата поддршка која ја дава на олимпиското таеквондо во Македонија со надеж дека на Олимписките игри во Токио 2020 и во Париз 2024 година ќе имаме претставници со изборена норма.