Голема штета за Филип Додевски (-80 кг) на квалификациите за Олимписките игри во Токио што се одржуваат во Софија. Нашиот таеквондист прикажа одлина борба и направи пресврт во втората рунда, бидејќи во првата губеше 1-4 од светскиот првак Алесио Симеоне од Италија.
Втората рунда заврши 8-8 во која Филип се бореше со срце. Со истото темпо продолжи и во третата, при што поведе со 9-8, противникот изедначи, а на 35 секунди пред каркот поведе со 9-10. Но, во последната рунда, кога се решаваше победникот, Додевски си ја скрши шаката.
Нашето водоство го однесе во болница за да ја санираат повредата.
И Анамарија Георгиевска (-67 кг) може да жали, бидејќи имаше водство против Фуреди Ребека од Унагарија, а на карјот загуби 7-12.
Утре настапува Дејан Георгиевски во категоријата над 80 килограми.
Резултати
Анамарија Георгиевска – Ребека Фуреди (Унгарија) 7-12
Филип Додевски Симеоне Алесио (Италија) 9-10