Филип Додевски го освои третиот златен медал за македонската таековондо репрезентација на Балканското првенство во Едрене-Турција. Додевски по втор пат стана балкански шампион во јуниорска конкуренција.
Ова е осмиот медал за Македонија на Балканскиот шампионат по вчерашните седум. Така, нашата репрезентација се закити со 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.
Златни медали освоија Дејан Геогиевски во сениорска конкуренција, Ана Марија Георгиевска и Филип Додевски во јуниорска конкуренција.
Сребрените медали се за Дамјан Трајковски (јуниори) и Филип Стаменов (кадети).
Бронзи: Марко Стевиќ во сениорска конкуренција, Сара Раевска и Мери Ацевска во јуниорска конкуренција.
Ipon.mk/В.Д.