Филип Додевски беше на чекор до медал, но загуби 4-5 од Рафалович од Узбекистан 0-2, иако претходно ја извојува втората победа на Светското првенство во Гвадалахара, Мексико. Додевски во категоријата 87 килограми со победа од 2-0 славеше над противникот Ахмад Рави од Египет.
Претходно Филип Додевски славеше против Мароканецот Еласби Суфиане 2-1, а Мила Рељиќ во категоријата -62 килограми беше подобра од Тончанг од Тајланд со 2-0.
Рељиќ во осминафиналето е поразена од светската вицешампионка Петра Столбова од Чешка. Сепак, ова е добар настап во дебито на СП за сениори и освои 21,17 поени за светската и олимписката ранг листа.
Нашиот најголем ас Дејан Георгиевски својата битка ќе ја има за два дена.
Резултати СП:
-87 кг
Филип Додевски – Еласби Суфиане (Мароко) 2-1
Филип Додевски – Ахмад Рави (Египет) 2-0 (7-4)
Филип Додевски – Никита Рафалович (Узбекистан) 0-2
-62 кг
Мила Рељиќ – Тончанг (Тајланд) 2-0
Мила Рељиќ – Петра Столбова (Чешка) 0-2
+87 кг
Дејан Георгиевски – Валтер Салдаријага (Колумбија)
https://www.youtube.com/watch?v=toZAeqf5EuI