Борачот во полутешка категорија на UFC , Фил Дејвис, го сподели чувствата пред дуелот во 179 UFC на 27 октомври против Гловер Теиксеира. Борачот е верува во себе, дури и ги наговара навивачите како да се свртат кон него .
“Секогаш се чувствувам добро во Рио. Се надевам дека ова не е моето последно гостување во Бразил.Ми се допаѓаат Бразил и Рио. Долгиот пат не ме загрижува. Нема да се наречам „убиецот на Бразилци“, но ако некој се одлучи да ми рече така, добредојден е. Имам трпение и тренирам различни нешта. Не вклучувам ништо откачено на тренинзите. Се фокусирам само на она што треба да го направам“, вели Дејвис.
Тој очекува атрактивна победа над Теиксеира, која треба да го приближи до мечот за титулата во UFC . “Со победа во Рио ќе се вратам во трката за титулата. Не ме интересира дали Џон Џонс ќе е шампион или не. Ме интересира само титулата. Сакам да го победам човекот кој ќе ја освои титулата од Џонс. Подготвен сум за титулата да се борам и со секој друг “, истакинува Дејвис.
Дејвис загуби одЕнтони Џонсон во уводните борби на 172 UFC, но пред тоа имаше три последователни победи над Вагнер Прадо, Вини Магалхаес и Лиото Мачида.