Англискиот ММА борец Фил Де Фрис има десет победи во низа, последните осум во КСВ.
Минатата година во февруари Де Фрис го победи Дарко Стошиќ, а доминацијата ја потврди во септември кога го совлада Рикардо Прасел со „принуда“ (гушење од позади).
Седум пати по ред го бранеше шампионскиот појас на КСВ во тешка категорија, а наскоро го чека нов предизвик.
Фил Де Фрис ќе ја брани титулата на КСВ 79 на 25 февруари во Либерец против Тод Дафи.
Американсиот тешкаш беше голема надеж на тешката категорија. Тој имаше шест настапи во УФЦ, три победи, два порази, а еден натпревар заврши без одлука.
Неговиот последен настап беше во септември 2019 година, а борбата против Џеф Хјуз беше откажана.
Де Фрис и Дафи се бореа меѓу себе на крајот на 2012 година, а американскиот борец победи со прекин во првата рунда. Сега Англичанецот има шанса да возврати.