Фиданчо Јованов кој важи за голема надеж на борењето во Бучим и Радовиш на Изборното првенство за сениори го освои третото место.
Тој вели дека можел и повеќе но го спречила повредата на рамото.
„Изубеното ќе го надополнам со многу тренинзи и упорност“, вели Јованов, кој со овој резултат се одалечи од репрезентацијата, а смета дека за тоа е виновна повредата.
„Планирам да се вратам во топ форма, како што бев во кадетска конкуренција – непоразен . Сакам да кажам дека со помош на моите тренери Горан Атанасов, Горан Костадинов и Тони Танчев верувам дека ќе се искачам повторно на врвот. Јас сум оптимист и верувам во себе“, категоричен е Јованов.
Посебна благодарност упатува до Иван Конзулов кој му најголемата спортска поддршка.
Ipon.mk/В.Д.