ФФЦ борците Пешиќ и Звер: Во Македонија има талентирани момци и девојки!

Драган Пешиќ во Прилеп
Драган Пешиќ во Прилеп

ФФЦ (FFC) борецот, Драган „Little Wonder“ Пешиќ и добитник на третиот ФФЦ фјучерс, Стефан Звер, на 8 февруари одржаа ММА семинар во Прилеп. Локалниот ММА тим „Максам“ ги повикал Драган и Стефан да им го пренесат нивното знаење што го користа во ФФЦ рингот.

 Во план било да се одржи еднодневен семинар, но поради големиот интерес, Пешиќ и Звер го продолжиле престојот за уште еден ден. Учесниците биле воодушевени од знаењето на ФФЦ борците, па имало само пофалби.

 „Луѓето во Македонија и Максам тимот беа феноменални. Добро не примија. Беше толку добро што не сакавме да се вратиме дома“, рече Пешиќ и додаде: „Како и да е, ќе имаме многу работа околу Трајб ФЦ и за подготовките за ФФЦ 7 во Сараево, така што по враќањето направивме напорни тренинзи“.

 Драган во Сараево на ФФЦ ќе се сретне Дарко Бановиќ.

 „Акцентот е ставен на работа во транзиција и преминот од стенд-ап техника во тејкдаун. Неколку стендап комбинации што им ги покажавме на учесниците на семинарот, досега не ги работеле на нивните тренинизи и беа вистински бум! Момчињата и девојките од Македонија се желни за работа, работеа одлично и ги впиваа сите техники што јас и Стефан и ги покажавме”, објасни Пешиќ.

 На семинарот, покрај Максам тим учествувале и Будо ММА тим Македонија и Мау тај Прилеп тим.

Стефан Звер е освојувач ФФЦ 3 во ММА дисциплината во велтер категорија, но фрактурата на клучната коска го спречи да се појави на Фајнал фјучерсот.

„Драган го работеше она во што е најдобар, а јас бев задолжен за техники на партерот. Направивме некои симпатични завршници и контрола на земја. Македонските борци се брилијантно го одработија својот дел. Беа присутни многу талентирани млади борци. Јас сум особено среќен“, објасни Зверот.

 Дуото Пешиќ- Ѕверот ќе имате можност да ги видите на 13 март во Сараево во Скендерија на ФФЦ 7, само што Драган ќе има борба во рингот, а Стефан ќе биде во неговиот агол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON