Во Линц се одржа ФФЦ 26.
Првично најавените борби на Младен Брестовац, Норман Парке и Робин ван Ромсален не се одржа.
Во мечот за ММА титулата во тешка категорија Србинот Дарко Стошиќ со мнозинска одлука на судиите го победи бренителот на титулата Холанѓанецот Дион Старинг.
Нов шампион е и Филип Пејиќ кој со граунд енд паунд во третата рунда го заврши Ахмед Вила и го освои појасот во перолесна категорија.
Ивица Трушчек загуби со давење во вториот круг на Абуспијан Магомедов.
Во кик бокс делот на програмата Ејеван Дененберг стана шампион во велтер категорија. Со едногласна одлука на судиите Холанѓанецот го совлада Шкодран Весели.
Само Петје во првиот меч по губењето на шампионскиот појас на ФФЦ на поени го доби Захир Заир кој неколку дена пред настанот ја прифати борбата.
https://youtu.be/HSpIl6PunTE
ФФЦ 26:
ММА
Арби Межидов – Марко Бурушиќ (поделена одлука на судиите)
Александар Илиќ – Флоријан Харингер (Харингер одби да излезе на рингот)
Абусупијан Магомедов – Ивица Трушчек (сабмишн, давење, Р2)
Филип Пејиќ – Ахмед Вила (ТКО, Р3)
Дарко Стошиќ – Дион Старинг (мнозинска одлука на судиите)
Кик бокс
Рене Вимер – Чеик Сидибе (КО, Р3)
Томас Лајтнер – Маријан Сербан (КО, Р1)
Иван Билиќ – Кристијан Фрањиќ (КО, Р1)
Томислав Цикотиќ – Енвер Шљивар (едногласна одлука)
Само Петје – Захир Заиров (едногласна одлука)
Ејеван Даненберг – Шкодран Весели (едногласна одлука)