Фернанд Лопез: Го прибрав Нгану од улица и станав лошиот

Фернанд Лопез е незадоволен од критиките што ги доби од неговиот поранешен ученик Френсис Нгану. Во последните месеци Лопез откри интересни работи во врска со Камерунецот. Фернанд го прибра Нгану од улиците кога „Предаторот“ беше никој и спиеше на улиците во Париз.

Лопез му дозволи да тренира бесплатно во неговата теретана и го хранеше. Тој беше во срцето на успехот на Нгану, но години подоцна Френсис почна да заработува пари и се промени. Одбива да ја плати членарината во салата на Лопез и покрај тоа што заработува илјадници долари, а таа е 600 евра годишно.

Нгану и Лопез се разделија пред неколку години, но повторно ќе се сретнат овој месец. Лопез сега е тренер на Сирил Гане, кој против Камерунецот излегува во главната борба на УФЦ 270 што ќе се одржи во Калифорнија.

Пред неколку недели Лопез откри дека пред извесно време Нгану имал шанса да го внесе Сирил во УФЦ, но не го направил тоа. Френсис им кажал на луѓето во УФЦ дека Гане сè уште не е доволно добар. Во интервју за американските медиуми, Нгану го негираше ова и рече дека Лопез е злобен човек.

Сега во интервју за LowKick MMA Лопез му ја врати услугата на Нгану.

„Ако Френсис Нгану тврди дека не се обидел да го сопне Сирил Гане за УФЦ, тогаш тој е ебен лажго. Нгану ми кажа дека се сретнал со луѓе од УФЦ кои го прашале за Гане и дали е подготвен за УФЦ. Потоа им рекол дека Гане е сè уште младо момче и дека еден ден ќе биде подготвен. Им кажал дека Сирил се уште не е подготвен за УФЦ.

Ако Френсис рече дека тоа не е вистина, тогаш тој е ебен лажго. Не сум изненаден што го кажа тоа. Мислам дека Нгану никогаш не очекуваше дека еден ден Сирил ќе биде човекот што ќе се соочи со него. Во суштина, Нгану се преправаше дека Сирил е неважен, секогаш го разубедуваше.

Ова е Френсис, а јас ви ја кажувам реалноста. Го зедов од улица, му помогнав да остане во салата без да плаќа чаленарина. Му дадов пари, спонзори и место за спиење. И сега јас станав лошиот човек? Како сум толку лош кога јас сум тој што му се јави на Џо Силва кога ти имаше 4-1?

Те ставив во УФЦ. Им кажав дека Нгану може да стане шампион. Полн е со глупости. Френсис Нгану зборува само глупости и има менталитет на жртва“, изјави Лопез.

https://www.youtube.com/watch?v=JZOI0bhnops

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО