По првичните настапи на нашите каратисти во првиот дел од натпреварувањето на денот во кои имаше само една победа, поради добриот пласман на противниците Емилија Јањиќ и Фери Исиќ добија шанса во репасажот, додека Маријана Димоска настапи во кати за јуниори и извојува две победи против Антонија Рухота од Грција (5-0) и Тан Нгок Фан од Виетнам, но потоа загуби со 5-0 од Италијанката Лиза Пиви со 1-4.
Во конкуренција на јуниори до 21 година, Фери Исиќ загуби 2-3 во второто коло од Шпанецот Антонио Гарсија Варгас. Бидејќи Варгас стаса до полуфиналето, Исиќ настапи и во репасажот, Најпрво славеше против Леонардо Родригес од Мексико со 3-2, потоа против Кристијан Тавареш од Бразил со 5-0, но на патот кон бронзата беше поразен од Малезиецот Веи Тнег Ох со 2-3, и на крајот го освои седмото место.
Емилија Јаниќ (+54 кг) го освои деветтото место, иако претрепе пораз од 1-2 од Кајра Сежџин од Турција во борби во У- 21. Турчинката стаса до полуфиналето, па Јањиќ доби шанса во репасажот, при што загуби од Дина Дурмиш (Србија) со 0-1.
ipon.mk/В.Д.