Тони Фергусон е бесен на Дастин Пориер. Причината е што Пориер се согласи со УФЦ за борба со Конор Мек Грегор, кој исто така се согласи двајцата да се борат во ноември или декември оваа година. Ова е многу интересен исход на настаните. Последните недели Пориер преговараше за борба со Тони, но реши да се повлече од разговорите, бидејќи не му се допаѓаше платата.
Фергусон тогаш го тапкаше колегата по рамо и го повика УФЦ да го одврзе ќесето. Организацијата му понуди на Фергусон да се бори со Мајкл Чендлер, но Тони реши да му биде лојален на Пориер и ја одби понудата, надевајќи се дека ќе се бори против Дастин.
Сепак, тоа не се случи и УФЦ уште еднаш го стави Фергусон во втор план. Тони регаираше кога дозна дека Пориер ќе има реванш со Мек Грегор, а Конор ќе донира 500.000 долари во добротворната организација на Дастин.
„Каква продажба. Прими мито од меѓународен терорист. Добра работа, дете. Јас ја претставувам Америка. Земе ги парите и биди горд на себеси. Лажен човек. Толку многу прикаски за боречкиот спорт, а на карјот се исплаши“, рече Тони.
Вчера стана јасно дека Рафаел дош Анош испадна од борбата со Ислам Махачев и сега УФЦ е во потрага по нов противник. Али Абделазиз му понуди на Тони да прифати борба со Ислам, но се уште нема одговор.
https://www.instagram.com/p/CGHV4oZnu-V/?utm_source=ig_embed