Конор Мек Грегор добро го наплати мечот против Флојд Мејведер. Не само од директната заработувачка што произлегува од продажбата на ППВ, билетите и маркетингот, Мек Грегор никогаш порано не имал поголеми спонзори кои стигнаа како резултат на тоа што се работи за боксерски меч, а не за слободна борба.
Еден од нив е и познатиот производител на врвни музички слушалки – Beats by. Dre. Но, овој напис не се однесува на спонзорството на Мек Грегор, туку на феноменалното рекламно видео кое што го пушти на Јутјуб каналот „Beats by Dre“ во четвртокот, а кое го најавува мечот меѓу Мек Грегор и Мејведер.
Доволно е да се каже дека рекламата за еден ден ја виделе повеќе од еден милион луѓе. Секако тоа е добро направена работа и се исплаќа да се погледне која многу добро ја погаѓа животната приказна на Мек Грегор. Од ништо, од сиромаштија и мечевите по училишните сали, до крал на боречкиот спорт и хонорар од 100 милиони долари – за само неколку години! Тоа е “Озлогласениот” …
https://youtu.be/nRKeamyoTsQ
.