Феликс Шурм е уапсен во Германија

Поранешниот светски шампион Феликс Штурм е уапсен во Германија.

40-годишниот боксер, со вистинското име Аднан Ќатиќ, е уапсен на саемот за фитнес во Келн, објави Билд.

Обвинет е за затајување на данок.

Штурм е поранешен петкратен светски шампион во две тежински категории со скор 40-5-3-1НЦ, 18 КО. На почетокот на годината најави враќање во рингот и можната борба со Артур Абрахам.

Не боксирал од февруари 2016 година кога со мнозинската одлука на судиите го победи Федор Чудинов во мечот за титулата на ВБА во суперсредна категорија.

После тоа е обајвено дека паднал на допинг тетсот, но притоа се откриени разни неправилности. Во меѓувреме се преселил во Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON