Боксерот од Бсна и Херцеговина, 44-годишниот Аднан Ќатиќ, попознат како Феликс Штурм, се врати зад решетки.
Штурм ќе одлежи две години и четири месеци затвор за даночно затајување и антидопинг прекршувања.
Тој претходно помина осум месеци во притвор за време на судската постапка, откако беше уапсен во април 2019 година.
Потоа бил пуштен со кауција од 300.000 евра, а на 28 февруари повторно бил уапсен и однесен на издржување на казната.
Штурм беше осуден на три години затвор, но по жалба ја намали казната.
Имено, судот ја прифати неговата жалба, бидејќи се покажало дека затаил помалку данок отколку што првично се мислело.
Казната е намалена на две години и четири месеци, која сега почнал да ја издржува.
А Штурм може да има и проблеми со допингот покрај затајувањето данок. Наводно, во борбата против Федор Чудинов, која се одржа на 20 февруари 2016 година, бил под дејство на недозволени супстанци.
Боксерот од Босна и Херцеговина веќе седум дена се наоѓа во отворениот затвор ЈВА Ојскирхен, што го потврди и државната обвинителка Стефани Белер:
„Можам да потврдам дека лицето е во притвор од 28 февруари“.
Поранешниот петкратен светски шампион неодамна најави дека сака повторно да се бори за титулата. Но, со оглед на новонастанатата ситуација и фактот дека нема да тренира некое време, под знак прашалник е неговото продолжување на кариерата.
Ex-Boxweltmeister im offenen Vollzug – Felix Sturm im Knast https://t.co/qdRzugOrvi #BILDSport
— BILD Sport (@BILD_Sport) March 6, 2023