Федор во пресрет на борбата за титулата против Бадер: Тоа ќе биде последен меч во мојата кариера

Легендата на слободните броби Федор Емелијаненко (46) викендов ќе ја заврши кариерата по 23 години професионална борба.

Рускиот ММА борец ќе се обиде во октагонот да му се реваншира на Рајан Бадер на настанот Белатор 290 во Инглвуд и да го освои шампионскиот појас во тешка категорија.

Еден од најдобрите тешкаши на сите времиња објави дека без разлика на исходот на натпреварот заминува во пензија.

„Ова е мојата последна борба во професионалното ММА“ – рече Федор Емелијаненко и додаде:

„Без разлика што ќе се случи“.

Емелијаненко (40-6, 1 НЦ) загуби од Бадер (30-7, 1 НЦ) со нокаут за само 35 секунди во јануари 2019 година.

После тоа, во декември 2019 година, Федор го победи Квинтин Џексон, а во октомври 2021 година беше подобар од Тимоти Џонсон

„Сакав мојата последна борба да биде против шампионот. Ги добив последните два натпревари и сега е време се да заврши. Го замолив Белатор тоа да биде борба за појасот. Бадер е многу дисциплиниран борец. Многу ми се допаѓа и тој е добар човек“, рече Федор Емелијаненко и подвлече:

„Мајка ми чека да завршам, а тоа го сака и целото семејство. Сакам да поминувам повеќе време со моите девојки. Можам да живеам без борба. Сакам да се борам, но време е да престанам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON