Федор: УФЦ не сакаат Хабиб да стане шампион

Федор Емилијаненко е докажан ММА борец во тешка категорија во светот и е амбасадор на својата татковина – Русија. Никој друг борец не се доближил до меѓународната популарност која ја има „Последниот имепратор“, но непоразениот борец во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, ги следи стапките на ветеранот и се искачува на нагоре.

Според Емилијаненко, сепак, Нурмагомедов не го добива вниманието што го заслужува.

„Мислам дека Хабиб е многу добар борец и има се што е потребно за да стане шампион на УФЦ. Друго е прашањето дали УФЦ го сака тоа или не“.

28-годишниот Нурмагомедов го згаси секој свој противник во организацијата и во моментов е закажана битка против Тони Фергусон за привремената титула на УФЦ 209 на 4 март. Иако ова е можност, Емилијаненко не е убеден дека „Орелот“ го добива потребното внимание.

„Не знам. Тоа е политика на УФЦ. За мене многу од активностите на УФЦ остануваат мистерија“.

Сепак, во одбрана на УФЦ е фактот што Нурмагомедов долго време не беше на располагање поради бројни повреди, откако го направи своето деби во 2012 година. Разбирливо организаторите да се колебаат, кога треба да му дадат доверба, како активен шампион кој ќе треба да ја брани титулата. Сепак, тој ќе добие шанса по две недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON