Белатор 198 се одржува овој викенд во Розмонт, се работи мал град лоциран северозападно од државата Илиноис – популарниот Чикаго.
Во главната борба на вечерта ќе го видиме продолжението на Големата награда во тешка категорија која го обележа досегашниот дел сезоната на Белатор. Легендарниот шампион на Прајд, Федор Емелијаненко ќе се сретне со поранешниот шампион на УФЦ, Френк Мир. Тоа е трети меч на првото коло откако во понатамошниот дел од натпреварувањето се пласираа Каел Сонен и Мет Митрион. Во последното четвртфинале не очекува двобојот меѓу Бадер и Лоу.
„Последниот император“ пристигна во Чикаго, а неговата фотографија од „Градот на ветерот“ се појави на социјалните мрежи. На неа позира во друштво на неговите тренери од тимот и во маиците на „Последниот император“.
По повод влезот во неделата на големата борба, Федор на својот службен Инстаграм профил објави фотографија од целиот тим кој пристигна во САД, вклучувајќи и пет члена (без него).
https://www.instagram.com/p/Bh4UJDOHySn/?utm_source=ig_embed
„До мојот меч против Френк Мир останаа само уште неколку дена. Подготовките за овој дуел беа поделени во три фази. Една направивме во Москва, а другата во Стар Оскол, третиот во Амстердам, заедно со тренерите Петар Тајес и Ханс Круз“, вели тој во пораката на фотографијата и додава:
„Френк е моќен борец со многу добра одбранбена техника. Тој е добар граплер и многу искусен спортист. До мечот останаа само неколку дена и сега можам слободно да кажам дека направивме одлична работа за оваа борба. Јас и моите тренери дадовме 100 проценти, работевме многу и на тактиката. Во Стар Оскол добив помош од моите борци од тимот, во Амстердам ми помогнаа кикбоксерите од Холандија. Меѓу нив беше и Хесди Гергес“.
Конечно, Федор заклучи:
„Бидејќи Мир е добар граплер, многу време го поминавме тренирајќи го тој сегмент. Со особена внимателност работевме на одбраната, но во нападот“.
Во последниот меч, воедно и во единствениот догсеашен насатап во Белатор, Федор беше поразен со нокаут во првата рунда од Мет Митрион.