УФЦ не е единствената американска организација која планира да ја посети Русија. Конкурентниот Белатор работи на руски настан што сега го потврди членот на нивниот список, легендарниот Федор Емилијаненко.
„Разговараме за тоа како да организираме турнир на Белатор во Русија“, рече Емилијаненко за Руски Чикаго. „Постои голема веројатност Белатор да дојде во Русија“.
Претседателот на Белатор, Скот Кокер, веќе изрази интерес за рускиот пазар на почетокот на годината, иако нема конкретни планови за тоа кога и каде ќе се одржи настанот. Но, со оглед на тоа дека имаат договор со Федор за повеќе борби, но и имиња како Александар Шлеменко, Андреј Корешков и уште некои борци на Федор, посетата на „Третиот Рим“ дефинитивно е логичен потег за промоцијата која организира се повеќе настани во Европа.
Русија последната година е голема мета и за УФЦ, главно поради растот на популраноста на првиот предизвикувач во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов. Претседателот на компанијата, Дана Вајт, така, заедно со еден од сопствениците, Ари Емануел, во декември ја посети Москва каде што се сретна со заменик-премиерот Виталиј Мутко и разговараа за можен настан.
Што се однесува до Федор, поранешниот крал на Прајд ќе дебитира за промоција на 24 јуни на Белатор 180 во Медисон сквер гарден во Њујорк, каде што ќе се бори со Мет Митрион.