Набргу откако ја договори борбата со Фабио Малдонадо, Федор Емилијаненко дел од неговите колеги ги критикуваше поради изборот на недораснати противници. Голема желба, а не само на челниците во УФЦ, туку и на ММА фановите е најдобариот во тешкаш во историјата на овој спорт да го видат во најсилната промоција, однонсо УФЦ. Ако е за верување на зборовите на рускиот великан, оваа желба наскоро би можела да стане реалност.
„И понатаму преговараме со УФЦ, не ги пречкртавме. Веројатноста да се борам таму е прилично голема“, рече Емилијаненко за Совспорт и со тоа повторно ги возбуди многуте фанови.
Ова не е прв пат легендарниот борец да објави потенцијален премин во УФЦ. Бевме сведоци на обидите на неговото доаѓање на моментално најголемата боречка сцена, но секогаш преговорите ќе запнеа и потоа следеше меѓусебно вепрување на прстите и префрлување на вината од еден на друг крај.
Да потсетиме, Федор претходно изјави дека е заинтересиран за реванш со актуелниот шампион на УФЦ, Фабрицио Вердум. Од друга страна, пак, сонародникот Алексеј Ојеник неодамна откри дека „Последниот император“ ја одбил понудата на УФЦ, која била попрофитабилна од онаа на Ризин. Во секој случај, пред Федор е средбата со Малдонадо на која ќе бидеме сведоци на настанот на 17 јуни во Санкт Петербург.