Федор: На сакав да станам роб на УФЦ

fedor se podgotvuva

Федор Емилијаненко на новогодишната ноќ ќе се бори за првпат по три години од „пензионирањето“. Во Јапонија ќе учествува на настанот Ризин против Џаидеп Синг. Кога за прв пат го објави враќањето на ММА борбите, медиумите го поврзаа Федор со доаѓањето во УФЦ, но подоцна и самата легенда потврди дека претходно ја избрал новата промоција.

Федор деновиве во едно интервју се осврна на преговори со УФЦ и рече дека нивните договори го поробуваат борците.

„Не сум подготвен да се борам под условите кои УФЦ ги понуди во договорот, кои сам ги постави. Договорот беше драконски и угнетувачки. Не сум подготвен да потпишам таков договор со кој постануваш роб. Пред се, треба да покажат почит спрема борците, почитување какво што добиваат во Јапонија“, изјави Федор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON