Федор Емилијаненко сам избрал со кого ќе се бори во следната борба

fedor glava

Федор Емилијаненко следната борба во кафезот ја има на настанот Фајт најтс на 17 јуни, каде што ќе се сретне со поранешниот УФЦ борецот Фабио Малдонадоo. Емилијаненко го направи враќањето претходно годинава со победа над Синг Џаидеп.

Организаторот Камил Гаџиев откри дека Емилијаненко сам го избрал противникот за овој дуел. Гаџиев објасни дека името на Емилијаненко и е добро познато на самата организација и затоа на „Последниот император“ му даваат одврзани раце да диктира што ќе се случува.

„Името на Федор е многу попознато од тоа на Фајт најтс. Треба да имаме реална проценка на ситуацијата. Не можеме да го присилиме Федор да се бори со некого што ќе побараме ние. Работите се сосема различни.

Федор го избра противник од листата што му дадовме.

Во моментов Федор е многу важен за нас во овој настан. Тоа е многу важно од маркетиншка страна. Ситуацијата не е како да сме потпишале договор со борец и тој да го прави она што е во најголем интерес за организацијата. Зошто треба да ве лажеме? Да, имаме потреба од Федор, бидејќи тоа е голем чекор напред за нас. Но можеме да го привлечеме за меч во нашата организација, само ако со неговите интереси се поклопат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON