Федор Емилијаненко преговара со УФЦ!

fedor_training_mma

Една од легендите во мешаните боречки вештини (ММА), Федор Емилијаненко, беше ВИП предавач на младинскиот форум во Северно-кавкаскиот регион, каде одговараше на прашања на гледачите.

 Едно од најпознатите интригантни прашања кон Федор беше во која организација ќе го направи враќањето. Еве што вели Емилијаненко за ова прашање:

 „Во моментов активно преговараме со УФЦ, како и со уште неколку американски организации. Наскоро се ќе се заврши и ќе може да го објавиме тоа“.

 Противник што го посакувам во овој момент е најдобариот борец во светот, шампионот на УФЦ – Фабрицио Вердум.

 Поминаа три години откако се пензионирав и за тоа време не сум имал професионален меч, затоа за мене ќе биде одлична шанса да ги проверам моите вештини“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON