Федор Емилијаненко посака реванш од Фабрицио Вердум

Fedor pred mikrofon

Во 2009 година MMA легендата, Федор Емилијаненко, го направи своето деби во Страјфорс, кога го нокаутираше Берт Роџерс во втората рунда. Но во вториот меч во органиацијата Емилијаненко го забележа првиот пораз во професионалната ММА кариера. Русинот беше принуден да се предаде од џиу-џитцу феноменот Фабрицио Вердум. И до ден-денешен останува единствениот пораз со сабмишан на Федор.

По триумфално враќање на рингот по повлекувањето, Емилијаненко е подготвен да се одмазди за овој пораз. Во неодамнешно интервју тој посака повторно да се сретне со актуелниот шампион во тешка категорија на УФЦ.

„Нема што да докажувам. Мојата цел е секогаш да се борам против најдобрите. Токму поради тоа сакам да се сретнам со шампионот на УФЦ во тешка категорија Фабрицио Вердум.

Во моментов нема ништо конкретно, но ќе видиме во иднина. Задолжително сакам нов меч со него. Од УФЦ многу добро знаат дека веднаш ќе прифатам подобен меч“.

Запрашан на прашањето дали би учествувал во борбечкиот спектакл УФЦ 200 на 9 јули во меч со Вердум, Емилијаненко одговори:

„Ако успеам да се подготвувам – со најголемо задоволство би се борел на УФЦ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON