Федор Емелијаненко со скршен нос по Белатор 290

Федор Емелијаненко има скршеница на носот по последната борба во ММА.

Легендарниот борец се соочи со Рајан Бадер во Калифорнија. Нивната борба беше водечка на Белатор 290, која се одржа изминатиов викенд. За жал, Федор не успеа да ја освои титулата во тешка категорија. Во првата рунда загуби со нокаут.

Емелијаненко упати неколку силни удари од Бадер, што резултираше со скршеница на носот. Веста ја открија од штабот на легендарниот борец.

„На Федор не му требаше помош од лекарите. Добил полесни исеченици и хематоми.

Традиционално, може да се каже дека има скршен нос. Нема посериозни повреди“, го пренесува TACC членот на тимот на Емелијаненко.

Откако борбата заврши Федор ги стави ракавиците во центарот на кафезот. Така неговото повлекување од ММА стана официјално. Федор беше испратен од еден куп ММА легенди кои влегоа во кафезот и му честитаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON