Руските борци во Белатор Федор Емелијаненко и Вадим Немков добија визи за САД. Виза за САД доби и Роман Копилов.
Емелијаненко ќе се натпреварува на Белатор 290 на 5 февруари во Инглвуд, Калифорнија. Противник ќе му биде Американецот Рајан Бадер, од кого Русинот веќе загуби во 2019 година. Борбата ќе биде за титулата во тешка категорија и последна за Федор во кариерата.
Федор ќе бара реванш против Бадер кој го нокаутираше за 35 секунди. Ќе биде неверојатно ако Федор победи и се повлече на врвот.
Додека Вадим ќе ја брани титулата во полутешка категорија. Тој ќе се соочи со Јоел Ромеро во коглавната борба. Имаше загриженост дека борбата би можела да пропадне за февруари, бидејќи Немков немаше виза, но тоа сега е решено.