Се одржа прес-конференцијата во пресрет на настанот Белатор 290 кој ќе го следиме викендов во Калифорнија.
Во главната борба ќе гледаме реванш за титулата во тешка категорија. Легендата Федор Емелијаненко ќе ги одмери силите со шампионот Рајан Бадер. Ова ќе биде последна битка во кариерата на „Последниот император“.
На прес-конференцијата учествуваа Емелијаненко, Бадер, Џони Еблен и Анатоли Токов. Федор изјави дека ова ќе биде неговата последна борба не само во ММА, туку и во сите борбени спортови.
Соочување на Федор и Бадер:
Ryan Bader vs. Fedor Emelianenko#Bellator290 pic.twitter.com/9Cbj2Eduqu
— Damon Martin (@DamonMartin) February 1, 2023