Федор Емелијаненко не се согласува со критиките што му ги упати Кори Андерсон.
Пред една недела Андерсон и Вадим Немков се бореа во Калифорнија. Нивната битка беше финалето на турнирот во полутешка категорија. Залогот беше еден милион долари, како и појасот на руската ММА ѕвезда.
За жал, мечот беше прекинат во последните секунди од 3.рунда. Андерсон го удри Вадим во глава и средбата беше прогласена за неважечка. Кори очекуваше да биде прогласен за победник, но тоа не се случи.
Во неодамнешното интервју за американските медиуми Андерсон го критикуваше Федор и рече дека не се грижи за угледот на легендата. Федор беше во аголот на Немков и му даваше совети во битката. Емелијаненко реши да му одговори на Андерсон и рече:
„По борбата не се ни приближивме доволно за да разговараме. А ако било несреќен случај, удар во глава, тогаш признај дека овој инцидент е ваша вина затоа што сте извеле забранета техника.
Зошто се радуваш и се однесуваш така? По борбата, Андерсон изрази незадоволство од резултатот, кој беше објавен. По средбата му гестикулирав дека упатил забранет удар со глава.
И дури тогаш Кори отиде кај Вадим, му подаде рака и рече дека тоа е негов фаул. Се ракувавме и се разделивме“, изјави Емелијаненко за руските медиуми.
Белатор најверојатно налето ќе направи реванш меѓу Андерсон и Немков.
https://www.youtube.com/watch?v=j1IYNCuwDvc&feature=emb_title