ФБСМ: Ова е голем ден за македонскиот спорт, Лаловиќ има доверба во Македонија!

Денеска во Скопје, во хотелот Континентал, се одржа прес-конференција во врска со одлуката на Обединетото светско борење (ОСБ) од 12 до 20 мај годинава во Скопје да се одржи ЕП во борење за кадети.

„Ова е голем ден за македонскиот спорт. Доделена ни е едно големо Европско првенство, на кое се очекуваат околу илјада гости од сите држави во Европа. Ќе бидат застапени три стила – слоободен, грчко римски стил и женско борење. Оваа одлука ни ја соопшти претседателот на Обединетото светско борење, Ненад Лаловиќ, кој ни рече дека има доверба во Македонија оти може да го организира првенството, кое било одземено од Украина заради политички причини, бидејќи не дала гаранција дека ќе ги прими борачите од сите држави во Европа. Ние навистина имаме коректни односи со Обединетото светско борење, но и со претседателот на Европската боречка федерација, Цено Ценев. ЕП ќе се одржи во спортската сала во Кале, а спортистите ќе ги имаат на располагање сите репрезентивни хотели. Македонија на ЕП ќе биде претставена со репрезентациите во слободен, грчко римски стил и со женското борење. За таа цел, деновиве во Македонија ќе се одржат државни првенства во кадетска кон куренција, при што ќе се изврши избор на репрезентациите“, рече претседателот на ФБСМ.


„Мораме да бидеме задоволни од одлуките на Обединетото светско борење, кое годинава ни додели две врвни првенства- ЕП за кадети и СП за ветерани, во месец септември. Идната година ќе го организираме и ЕП за пионери“,  рече Бетим Вренези.

„Она што го договоривме со Лаловиќ и Ценов се остварува. Сега ја очекуваме инспекцијата од Обединетото светско борење да допатува во Македонија. За реализација на сите активности очекуваме поддршка од сите институции во државата и се разбира- новинарите“, додаде потпретседателот на ФБСМ , Дејан Богданов.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON