ФБСМ ја прмовираше опремата од 200.000 евра која ќе ја подели на клубовите

Попладнево во „Борис Трајковски“ во Скопје Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) во рамките на проектот „Развој на македонското борење“ доделени опрема во вредност од 200 илјади евра.

На клубовите ќе им бидат поделени осум душеци по новите стандарди на Обединетото светско борење (ОСБ/UWW), реквизити за тренашниот процес како кукли, бугарски вреќи, јажиња и други помагала и патики за борење. Дополнително ќе биде соопштено кој клуб што ќе добие.

„Ова е најголемиот проект во независна Македонија. За две години со потпретседателот Дејан Богданов успеваме да обезбедиме опрема во вредност од 200.000 евра. Ова е поттик за враќање на македонското борење на патеките на успехот, односно да се дојде до нови медали на големите натпреварувања како што тоа и појде од рака на Шабан Сејдиу, Шабан Трстена, Зоран Шоров. Затоа сакаме да и помогнеме на сите. Со гордост го највувам и вториот голем проект „Центар на борењето во Скопје“ кој ќе се реализра од 2019 до 2021 година“, истакна претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези, на промоцијата на проектот, при што нагласи дека ова раководство упеало да ја симен суспензијата на македонското борење од ОСБ и да го врати долгот од 60 илјади евра, со што стекнало доверба кај светската организцаија со чија помош се реализира проектот.

Претседателот на Српската федерација за борење и делегат на ОСБ, Желјко Трајковиќ, рече оти верува дека македонското борење ќе се врати на старите патеки и повторно ќе има големи успеси. Трајковиќ нагласи дека претседателот на Обединетото светско борење, Ненад Лаловиќ, има доверба во ФБСМ, односно во Вренези и Богданов, зтаоа и дава голема поддршка и се надева дека таа сорботка ќе се продлабочи, а макеоднското борење ќе се врати на старите патеки.

Промоторот на проектот, Шабан Сејдиу потенцираше дека со ова се прават услови за напредок на борењето, додека вториот промотор, Зоран Шоров, смета оти со ова се добива стартна основа за да го вратиме борењето каде што било пред многу години.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски,нагласи дека со ова се подига квалитетот на спортот со што се создаваат стартни услови за големи успеси, посебно на Олимпиксите игри во Париз 2024 година.

„Ова е мотивација да ја оствариме мисијата – да направиме врвен спорт“, потенцираше директорот на АМС.      Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON