На заканите на штипските боксерски клубови Пинк Пантер и Брагала дека тие ќе ја освојат шампионската титула во Младинската лига во Штип во сабота, првиот човек на БК Чаир, Фатон Салиху вели штијани да се договорат за второто и третото место, бидејќи првото е резервирано за Чаир.
„Ние не се плашиме, одиме секаде, па и во Штип, каде што тие се домаќини и ќе се борат пред своја публика, а и ќе ја имаат наклонетоста на судиите. Нив уште сега ги фаќа стравот. Она од што стравуваме е тоа судиите да не прават неравди како што беше во Скопје. Нема неизвесност,Чаир ќе биде шампион“, порачува Салиху.
Да истакнеме дека својот збор се уште не го кажале од Баргала.
Ipon.mk/В.Д.