При изборот за претседател на Боксерската федерација на Македонија Фатон Салиху вети дека ќе работи за унапредување на боксот, повеќе настапи на меѓународната сцена, усовршување и лиценцирање на тренерите и судиите.
Не помина долго време, Фатон Салиху најавата за лиценцирање на тренери со ИБА ѕвездичка ја остварува, бидејќи за 3 ноември во Скопје е закажан семинарот со претседателот на Инструкторска комисија на ИБА, Габриеле Мартели од Малта.
Една недела ќе држи предавања, а потоа ќе има полагање – теоретски и практичен дел.
Ова е чекор напред во работата со тренерите и нивното унапредување. Тоа подразбира фаќање чекор со европските и светските трендови.
Мартели истакнува дека сака да ги види македонските тренери како работат.
Еве го видео обраќањето на Мартели:
https://www.facebook.com/reel/353783043884544?mibextid=F9SUZr
https://www.facebook.com/reel/353783043884544?mibextid=F9SUZr