Фати Вејсели се бори за големото финале на Европското првенство во У-23

Фати Вејсели попладнево се бори за влез во големотоо финале на Европското првенство во борење слободен стил во У-23 во Нови Сад, Србија. Негов противник е Грузиецот Едеми Блоквадѕе.

Македонскиот репрезентативец во првата борба го совлада Џорџ Рем, а во четвртфиналето Германецот Џастин Мулер. Вејсели и во двете борби губеше со два разлика, но со добри акции го изедначуваше резултатот и поради последен освоен поен ги добиваше борбите. Ова е историска шанса еден наш борач да се најде во финалето на Европско првенство.

Да посетиме дека Халил Зубаиров во 2015 година во Полска го освои бронзениот медал.

Вториот наш претставник Халид Османи загуби со технички туш од Молдавецот Михаил Лап.

Резултати
-57 кг
Халид Османи – Михаил Лап (Молдавија) 0-10 (ТТ)

-65 кг
Фати Вејсели – Џорџ Рем (Велика Британија) 3-3
Фати Вејсели – Џастин Мулер (Германија) 4-4
Полуфинале
Фати Вејсели – Едеми Блоквадѕе (Грузија)

Утре настапуваат Елмедин Сејфулаху (-61 кг) против Виталие Буничи од Молдавија и Бунјамин Нуиши (-86 кг) со Јоханес Демл од Германија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON