Фати Вејсели покажа добри борби на Европското првенство за млади сениори (У-23) во Пловдив, Бугарија. Малку недостасуваше за пласман во полуфиналето, бидејќи тесно изгуби во четвртфиналето од преставникот на Ерменија
Денеска настапија и Аид Салихаси и Столе Ефтимов, кои беа поразени во првите борби.
Но, сите тројца имаат шанса за репасаж, бидејќи нивните противници се полуфинлето, со евентуален пласман во финалето ќе им овозможат на нашите борачи борби во репасажот и вклучување во трката за бронзениот медал.
Резултати – Европско првенство за У-23:
-57 кг Аид Салихаси – Георги Гегелашвили (Грузија) 0-11 ¼ финале
-61 кг Бесир Алили – Ендрио Авдили (Албанија) ¼ финале
-70 кг Фати Вејсели – Виктор Воиновиќ (Србија) 10-0
-70 кг Фати Вејсели – Нарек Харутјунјан(Ерменија) 6-8 ¼ финале
-92 кг Реџеп Хајдари – Фејзулах Актурк (Турција) квал.
-97 кг Столе Ефтимов – Јоханес Мајер (Германија) 0-10 ¼ финале
-125 кг Увејс Фејзулаху – Адил Мисричи (Турција)/ Георги Љубомиров (Бугарија) ¼ финале
Фото: БФРСМ