Фати Вејсели не успеа да го изненади фавритот Едеми Блоквадѕе од Грузија и изгуби со технички туш, па така утре ќе се бори за бронзен медал со победникот од дуелот Стефан Коман (Романија) – Роман Ашарин (Унгарија) на Европското првенство во борење слободен стил во У-23 во Нови Сад, Србија.
Македонскиот репрезентативец во првата борба го совлада Џорџ Рем, а во четвртфиналето Германецот Џастин Мулер. Вејсели и во двете борби губеше со два разлика, но со добри акции го изедначуваше резултатот и поради последен освоен поен ги добиваше борбите.
Тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези е задоволен од она што го прикажа Фати Вејсели, а за бронзата ја очекува разврската меѓу Ромаенцот и Украинецот кој настапува за Унгарија, па потоа ќе разработуваат тактика.
Резултати
-57 кг
Халид Османи – Михаил Лап (Молдавија) 0-10 (ТТ)
-65 кг
Фати Вејсели – Џорџ Рем (Велика Британија) 3-3
Фати Вејсели – Џастин Мулер (Германија) 4-4
Полуфинале
Фати Вејсели – Едеми Блоквадѕе (Грузија) 0-10 (ТТ)
Утре настапуваат Елмедин Сејфулаху (-61 кг) против Виталие Буничи од Молдавија и Бунјамин Нуиши (-86 кг) со Јоханес Демл од Германија.
Ipon.mk