Фати Вејсели кој покажа карактер и храброст има за што да жали, бидејќи во последните секунди му изега од рака бронзениот медал на Европското првенство за млади сениори (У-23) во Пловдив, Бугарија.
Вејсели поведе со 1-0 и цело време добро ја водеше борбата, а Бугаринот Иван Николаев Стојанов изедначи преку казнен поен, но на 24 секунди пред крајот му ја фати десната нога на нашиот репрезентативец која на крајот му беше притегната и не можеше да се ослободи, иако се обиде.
Во секој случај, Вејсели во сите настапи покажа дека може да се носи со сите противнивци. Тој се пласира на петтото место.
Бесир Алили ќе се бори за бронзениот медал со Норик Харутјунјан од Ерменија, откако во полуфиналето загуби од Хамзат Тимоурович Арсамерзуев од Франција со 2-5. Но, за жал, иако Бесир добро се бореше, при водство на противникот од 2-3 и акција на крајот за победа, Французинот успеа да се извлече и да направи контракција со крајот на борбата и да го добие мечот.
Ако Бесир покаже борба како денес, може да очекуваме медал.
Реџеп Хајдари ќе се бори во репасажот со Вилијам Орос (Словачка).
Столе Ефтимов е петти, откако во борбата за бронзени медал загуби од Молдавецот Раду Лефтер 0-10.
Резултати – Европско првенство за У-23:
-61 кг
Бесир Алили – Ендрио Авдили (Албанија) 10-0 ¼ финале
полуфинале
Бесир Алили – Хамзат Арсамерзуев (Франција) 2-5 полуфин.
За бронза
Бесир Алили –Норик Харутјунјан(Ерменија)
-92 кг
Реџеп Хајдари – Фејзулах Актурк (Турција) 0-10 квал.
Реџеп Хајдари – Вилијам Орос (Словачка) репасаж
-125 кг
Увејс Фејзулаху – Адил Мисричи (Турција) 0-11
-57 кг
Аид Салихаси – Георги Гегелашвили (Грузија) 0-11 ¼ финале
Аид Салихаси – Едик Харутјунјан(Ерменија) 0-10
-70 кг
Фати Вејсели – Виктор Воиновиќ (Србија) 10-0
Фати Вејсели – Нарек Харутјунјан(Ерменија) 6-8 ¼ финале
За бронза
Фати Вејсели – Иван Николаев Стојанов (Бугарија) 1-1
-97 кг
Столе Ефтимов – Јоханес Мајер (Германија) 0-10 ¼ финале
За бронза
Столе Ефтимов – Раду Лефтер (Молдавија) 0-10
-50 кг
Марија Спирковска – Шахана Назарова (Азербејџан) 2-13