На Светско првенство во борење за сениори во Белград, Србија, во денешните настапи на нашите репрезентативци Фати Вејсели имаше најзабележителен настап.
Фати во првата борба славеше со 7-0 против Мајкл Стенли Аселстине од Канада, но во осминафиналето загуби од Ерменецот Арман Андерсјан 2-5. За жал, Арман не се пласира во финалето и не му овозможи репасаж на Вејсели.
Бесир Алили загуби од Џозеф Андрес Силва од Порторико 2-3, а Дејан Митров од Сандип Синг Мен 0-10.
Утре од македонските борачи настапуваат Владимир Егоров, Расул Шапиев и Ахмад Магомедов.
Светското првенство е прв квалификациски турнир за олимписка норма за Олимписките игри во Париз 2024 година, а денес тоа беа категориите до 86 и до 125 килограми.
На СП настапуваат над 800 борачи.
Резултати СП:
61 кг
Бесир Алили – Џозеф Андрес Силва (Порторико) 2-3
70 кг
Фати Вејсели – Мајкл Стенли Аселстине (Канада) 7-0
Фати Вејсели – Арман Андерсјан (Ерменија) 2-5
86 кг
Дејан Митров – Сандип Синг Мен 0-10
17-18 септември
57 кг Владимир Егоров – Роберти Дингашвили (Грузија)
74 кг Расул Шапиев – Сеунгчул Ли (Кореа)
79 кг Ахмад Магомедов – Ахмед Усманов (неутрален)
18-19 септември
97кг Магомедгаџи Нуров
20 септември
50 кг Вероника Рјабоволова