Фатен ирски боксер со допинг во Рио

Majkl O rajli

Олимписките игри се уште не се почнати, а веќе имаме втор случај на натпреварувач фатен за употреба на забранети супстанци.Тоа е ирскиот боксер Мајкл О ‘Рајли. Соопштението за овој случај дојде од Боксерската федерација на Ирска.

Боксерот (22 г.) кој има бронзен медал од Светското првенство во 2015 година, беше посочен како кандидат за медал во Рио, а сега е дисквалификуван, но може да побара за земање на „Б” примерок и евентуално да поднесе жалба.

Ова е втор случај со допинг – пријавен пред почетокот на Игрите во Рио, откако пред неколку дена беше фатен италијанската натпреварувачка во одбојка на плажа, Викторија Орси Тот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON