Фантастично враќање! Џон Џонс со гилотина го победи Сирил Гане и го прозва Стипе Миочиќ (ВИДЕО)

Еден од најголемите борци на сите времиња Џон Џонс е новиот шампион на УФЦ во тешка категорија.

По тригодишна пауза Боунс оствари уште една голема победа на настанот УФЦ 285 и потврди дека е најголемиот во историјата.

Во преполната Т-Мобиле арена во Лас Вегас по само две минути со гилотина го совлада Французинот Сирил Гане.

А првиот удар на Гане заврши во меѓуножјето на Џон, па борбата за момент беше прекината. Во продолжението Џонс успеа да го собори Французинот и да го заврши Сирил со гилотина до оградата.

По мечот Џонс го прозва Стипе Миочиќ.

„Возбуден сум, долго време работам за ова. Се подготвував да се вратам и верував во тоа“, рече Џон Џонс, а потоа додаде:

„Го сакам Миочиќ, да им го дадеме на навивачите тоа што сакаат. Подготвен сум за таа борба и ја посакувам налето. Стипе, ти си најголемиот тешкаш на сите времиња и тоа е она што го сакам. Се надевам дека си подготвен, навистина го посакувам тој меч“.

Џон Џонс и Сирил Гане се изборија за шампионски меч на УФЦ  во тешка категорија, откако Френсис Нгану ја напушти промоцијата на почетокот на годината.

Алекса Грасо е новиот шампион во мува категорија. Мексиканката со одличен пресврт во четвртата рунда ја совлада Валентина Шевченко со „завршница“ (гушење од позади) и ја прекина големата серија од девет победи.

Алекса добро го отвори мечот, но како одминуваше борбата Валентина ја презеде иницијативата. Киргистанската и создаде проблеми на противничката со преден директ.

Но, во последната минута направи грешка што Мексиканката стручно ја искористи и стигна до триумфот.

Алекса успеа да ја провлече раката под вратот на Валентино и да ја натера Киргистанката да се предаде.

Тоа беше 16 професионална победа и петта по ред за новиот шампионка.

Новата ѕвезда на УФЦ, непоразениот Шавкат Рахмонов стигна до 17-тата победа во професионалната кариера.

Во последната минута од третата рунда Казахстанецот го победи Џеф Нил со завршница (гушење од позади).

Рахмонов го изгради својот пат до победата со трпеливи тактики.

Полјакот Матеуш Гамрот го совлада американскиот борец Џејлин Тарнер во многу неизвесен меч со поделена одлука на судиите и го продолжи искачувањето на врвот во лесна категорија.

И 27-годишниот Бо Никал имаше одлично деби во УФЦ. Во својата четврта професионална борба, Американецот го победи Џејми Пикет со принуда во средината на првата рунда (гушење со рачен триаголник).

Резултати од настанот УФЦ 285:

Џон Џонс – Сирил Гане – завршница (гуши со гилотина), Р1 (2:04)
Алекса Грасо – Валентина Шевченко – завршница (гушење од позади), Р4 (4:34)
Шавкат Рахмонов – Џеф Нил – завршница (гушење од позади), Р3 (4:17)
Матеуш Гамрот – Џејлин Тарнер – поделена одлука (29-28, 28-29, 30-27)
Бо Никал – Џејми Пикет – завршница (гушење со рачен триаголник), Р1 (2:54)

Воведни борби:
Коди Гарбрант – Тревин Џонс – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Дрикус ду Плесис – Дерек Брансон – ТКО (прелкин од аголот), Р2 (4:59)
Аманда Рибас – Вивиен Араухо – едногласна одлука (29–27, 30–26, 30–27)
Марк-Андре Барио – Јулијан Маркез – ТКО (удари), Р2 (4:12)
Јан Гари – Синг Кенан – ТКО (удари), Р3 (4:22)
Камерон Саиман – Леомана Мартинез – мнозинска одлука (29–26, 28–27, 28–28)
Табата Ричи  Џесика Пене – завршница (армбар), Р2 (2:14)
Фарид Башарат – Да’Мон Блекшир – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Лоик Раџабов – Естебан Рибовиц – едногласна одлука на судиите (29–28, 29–28, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON