Фановите воодушевени: Објавени сите фотографии од снимањето на Пејџ ван Зант за Sports Illustrated „Swimsuit Issue“ (ФОТО/ВИДЕО)

Sports Illustrated објави фотографии од фото-сесијата со прекрасната ММА боинка Пејџ ван Зант.

25-годишната ММА натпреварувачка е на 14-тата позиција во категоријата до 52 килограми во најголемата организација УФЦ. При последното докажување во октагонот во јануари, таа успеа да се наметне над Рејчел Остович преку сабмишн. Ванзант се подготвува за дуел во април против Полијана Ботело, но откри дека има фрактура на раката. Минатиот месец, Пејџ за медиумите изјави дека закрепнувањето на нејзината рака е на вистинскиот пат.

За време на принудната пауза младата натпреварувачка беше поканета од Sports Illustrated да направи фото-сесија со нивни костими за капење. Ван Зант призна дека предлогот пријатно ја изненадил.

„Бев шокирана, ми се јавија и ме прашаа дали сум заинтересирана да учествувам во нивното списание. Постојано морав да му докажувам на светот и на навивачите на УФЦ дека во исто време можеш да бидеш убава и силна“, раскажува таа.

„Е, сега е мојот момент да го покажам. Тоа е мојот начин да блескам. Сакам луѓето да знаат дека не е нужно да  избераат. Не е потребно да се бидете само едно нешто, затоа што тоа ве опкружува. Веќе не се плашам да ја покажам мојата женственост.

За да поминеш од неверојатна победа со сабмишн во УФЦ во јануари и потоа да се сликаш за списанието Sports Illustrated Swimsuit во февруари, треба да веруваш во својот сон“, заврши Ванзант.

На овој ЛИНК може да ги погледнете сите фотографии.

https://www.youtube.com/watch?v=C_FCgBn8nSI
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON