Факиќ, Костовски и Трпаноски со порака во борбата против коронавирусот

Претседателите на Самбо, Таеквондо и Џудо федерациите на Македонија, Ердал Факиќ, Борче Костовски и Владимир Трпаноски упатија порака до спортистите и сите привразници на спортот и граѓаните на Македонија со која бараат одговорност, грижа и поддршка за здравствените работници кои се борат со коронавирусот, за што побрзо да почнат нормално да функционираат и сите да се радуваме на успесите.

„Би сакал да Ви се обратам во моменти кога сите од нас живеат живот сосем различен од порано. Поради ширењето на КОВИД – 19 променет е начинот на живот и ние луѓето треба да бидеме свесни, самосвесни и посплотени од кога и да било порано. Треба да покажаме дека знаеме да се грижиме за себе си и за другите околу нас. Треба да покажеме одговорност. Во спортот има правило дека со голема дисциплина на тренинзите може да се направат одлични резултати. Таа дисциплина ни треба сега, кога треба да се однесуваме одговорно, да покажеме дека со почитување на мерките можеме да седиме дома и да придонесеме за намалување на бројот на случаи на вирусот во земјава, да ги заштитиме ризичните групи и да дадеме поддршка на здравствените работници кои се борат со вирусот.

Посакувам што побрзо да почнеме нормално да функционираме и да се радуваме на нашите успеси.

Во меѓувреме, бидете ми сите здрави, чувајте се себе си и другите и да седиме дома!“, ова е пораката што секој поединечно од претседателите ја упати до челновите на своите федерации.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON