Многу познати борци ќе учествуваат во првото издание на руската организација Фајт најт Глобал (Fight Nights Global) во Бразил.
Од компанијата најавија дека Фајт најтс Глобал 87 ќе биде предводена од средбата за титулата во полутешка категорија меѓу актуелниот шампион Фабио Малдонадо и Никита Крилов. Настанот ќе се одржи на 5 мај, а ќе ни понуди и судир меѓу Диего Брандо и Филипе Форес во подглавната борба – тоа ќе биде средба во перо категорија. Елијас Сирелио ќе бори против Мајкл Грејвс.
38-годишниот Малдонадо е во серија од две последователни победи. Тој ја освои титулата од третата рунда против Курбан Омаров во Фајт најтс Глобал 73 на 4 септември. Поранешниот професионален боксер беше 5-6 во УФЦ меѓу 2010 и 2015 година.
По заминувањето од УФЦ, Крилов бележи 3 победи и ниту еден пораз, а сите средби ги добива уште во првите две рунди. Во последениот настап 26-годишниот Украинец го нокаутира поранешниот шампион на Белатор, Емануел Њутон, со колено за 43 секунди во на ФНГ 77 на 13 октомври. Во УФЦ Крилов постигна 6 победи и 3 порази.
🔥🇧🇷FIGHT NIGHTS GL0BAL 87
🗓May 5. ⏰5:00 p.m.
📌 Sao Paulo. "Corinthians". pic.twitter.com/uWsO1hUNQi
— FIGHT NIGHTS GLOBAL (@fngmma) March 28, 2018
.