Фабер го истакна најголемиот адут на Мек Грегор во борбата со Хабиб: Конор е фаворит!

Иако обложувалниците како фаворит во големата пресметка меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор го гледаат непоразениот Дагестанец, членот на Куќата на славните на УФЦ и еден од најдобрите борци во историјата на пониските категории, Урија Фабер, баш и не се согласува со нив.

Фабер, кој некое време се споменуваше како потенцијален противник на ирската ѕвезда, смета дека стојот на Мек Грегор може да биде пресуден во овој меч, а пособено силата на неговите удари со која веќе уриваше неколку „цврсти бради на УФЦ“.

„Мислам дека Конор е фаворит, бидејќи секоја рунда тргнува на нозе. Неговата удирачка сила би можела да биде малку повеќе, освен ако Хабиб не го руши од самиот почеток и тоа повторно да го повторува“, изјави Фабер за ТМЗ.

„Чад Мендес, Хозе Алдо … Овие ликови е тешко да ги нокаутираш“, додаде прославениот пензиониран борец за да ја оправда својата прогноза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО