Европското првенство во самбо, кое требаше да се одржи во Екатеринбург кон крајот на ноември е откажано поради влошената епидемиолошка состојба во светот и во Русија. Ова за ТАСС го соопшти претседателот на Европската и руската самбо федерација Сергеј Елисеев.
„Европското првенство е откажано поради влошената епидемиолошка состојба во светот, особено во Русија и Екатеринбург. Ова е заедничка одлука на Европската самбо федерација и организацискиот комитет на шампионатот во Екатеринбург. До денес, повеќе од половина од спортистите нема да можат да дојдат поради комплицираната ситуација, поради што сметаме дека не е можно да се одржи шампионатот“, рече Елисеев.