Утре и во недела се одржува 14.Европско првенство за регионите во Кочаели – Турција, на кое ќе настапат клубови од 13 земји со 66 натпреварувачи, без претставници од Македонија.
Според информациите од нашите водечки клубови, кои најчесто настапуваат за комбинирани состави – Макпетрол и Металург, финансиската истоштеност ги натерала да ги редуцираат настапите, бидејќи во септември треба да настапат на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, каде што некои од каратистите ќе бркаат норми за Светското првенство во Линц, Австрија, во ноември.
Но, ова не е единствениот проблем, затоа што репрезентативците кои учествуваа на Европското првенство во Монпелје-Франција, истакнале дека се уморни од ритамот на настапи и дека сакаат да се одморат пред СП. Други не можеле да бидат планирани во екипите поради повреди и операции.
Да потсетиме дека Македонија има освоено две бронзи на ова Европско првенство, една во сениорска и една во јуниорска конкуренција.
Честа на Македонија во Турција ќе ја бранат судиите.
Ipon.mk/В. Д.