Европското првенство во кик бокс за сениори и ветерани кое првобитно беше закажано за октомври е презакажано и ќе се одржи од 5 декември до 13 декември 2020 година во Анталија – Турција.
ЕП е за дисциплините: К-1, лоу кик, фул контакт, лајт контакт, кик лајт, поинт фајт и музички форми.
Од ВАКО европа веруваат дека е позитивен потег во соработка со ВАКО ИФ, со што ќе им се даде поголема можност на сите спортисти да се подготват и да бидат подготвени за првенството. Во исто време и да имаат подобра заштита од Ковид-19.