Натпреварувачите на „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид на Меѓународн иоттаеквондо ИТФ А класа турнир „Софија Опен 2022 “ во Бугарија, се закитија со 5 медали – 2 златни и 3 бронзени во конкуренција на 310 натпреварувачи од 48 клубови од 10 земји.
Таеквондистите на Хва ранг ИТФ се натпреваруваа во две дисциплини форми (борба со замислен противник) и борби (спаринг).
„Покрај тешката конкуренција на борилиштата, најтешко беше со судиите, но нашите шампиони ги оправдаа нашите очекувања и не израдуваа со 2 златни и 3 бронзени медали“, велчат од клубот.
Медалите ги освоија:
Елена Јанеска, која пред неколку дена влезе во повозрасна категорија (јуниорки 16-17 години – 64 кг), иако најмлада во нејзината категорија успеа да освои бронзен медал. Во финалето беше запрена од актуелната европска шампионка Ивет Василева, која воедно и го освои првото место во таа категорија;
Христијана Парулеска се закити со два медала, осовјувајќи златен медал во борби, женски кадети 11-13 години -45 кг и бронзен медал во форми за црвен појас женски кадети 11-13 години;
Давид Крстески исто така се закити со две одличја. Златен медал во борби, јуниори 14-15 години -6 0 кг и бронзен медал во форми за црн појас I дан јуниори 14-15 години.
„Христијана Парулеска до златото имаше три борби, додека Давид Крстески имаше пет борби, водејќи битка и со судиите како Давид и Голијат, сепак на крајот повторно се искачија највисоко на пиедесталот“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски и додава:.
„После овие историски успеси треба да бидеме горди, што имаме врвни натпреварувачи кои не го користат мотото дека е важно само да се учествува, туку се дава се од себе и по секоја цена да се победи, за да можеме сите да се радуваме“.