Европските медалисти Бобан Илиоски и Стефан Михајловски на прием кај градоначалникот на Општина Аеродром

Македонските кик бокс репрезентативци Бобан Илиоски и Стефан Михајловски кои освоија златен и бронзен медал на Европското првенство во Атина, Грција, денес имаа прим кај градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески.

Раководството на националната Кик бокс маи таи федерација изрази благодарност до градоначалникот на Аеродром за поддршката и благодарниците што им беа доделени.

„Сите овие години кикбоксот ја оправдува секоја поддршка добиена од државата, нашите помагачи и поддржувачи со медали од официјалните европски и светски првенства. Со што кикбоксот потврдува дека е национсен спорт број еден во Македонија“, вели претседателот Кик бокс маи таи федерацијата Дејан Митровски – Урко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО